Струга уште еднаш покажа дека е поетското срце на Европа и светот

August 26, 2024
1 min read

Со врачување на наградите и поетското читање „Мостови“ свечено се затворија „Струшките вечери на поезијата“.

Жан Пјер Симеон, француски поет, драматург и есеист на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2024 на Меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата. 

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова за книгата „Небото ми е дома“ и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на германската писателка Катрин Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“. Годинава прв пат беше врачена и наградата „Млада Струга“ за необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант за 2024 година на Филипа Сара Попова, што ја доделува националата установа „Струшки вечери на поезијата“ со поддршка на делегацијата на Европската унија.

Изразувајќи благодарност за честа што е добитник на највисокото признание „Златен венец“, лауреатот Симеон во името на сите поети се заблагодари, за како што рече, оваа прекрасна песна од планини, шуми и езера во Македонија, кои ја држат високо крената светилката на поезијата.

– Ако песната е срцето на животот што бие, Струга во срцето на милениумската Европа е срцето на поезијата што бие. Струшките вечери на поезијата се мугрите на срцето и на духот, рече Симеон, по добивањето на признанието.

Покрај добитниците на фестивалските признанија на поетскиот митинг стихови читаа и поети од разни страни на светот, а поетска Струга по 63. блесна во сиот свој сјај.

Годинашното мото на Струшките вечери на поезијата е „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку неговата тактилност и рељефност со допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата. Прв пат на манифестацијата Константиновата Т`га за југ на свеченото отворање беше прочитана на Брајово писмо од слепо лице.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Миовски дебитираше во Ла Лига во поразот на Џирона од Атлетико

Следно

На граничните премини нема подолги задржувања

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop