Стручна комисија ќе ја истражува смртта на 57 годишниот пациент

April 16, 2025
1 min read

Комисија формирана од специјалисти ќе утврдува дали има лекарски пропусти во третманот на 57 годишниот пациент со тешка срцева состојба, кој почина на Клиниката за кардиохирургија, каде операционата сали за такви интервенции била надвор од функција.  

Министерот за здравство вели дека пациентот бил примен, но лекарите одлучиле тој да се лекува конзервативно, а не да биде подложен на оперативен зафат. 

„Формиравме стручна комисија да ги испита сите детали за овој случај. Докторите одлучиле тој конзервативно да се третира. За жал, не знаеме што се случило и зошто настапила смрт кај пациентот и зошто семејството не дозволило да се направи обдукција, бидејќи е констатирано дека тој има и други здравствени проблеми, не само аневризма на аортата.“ – Арбен Таравари министер за здравство. 

Сепак, дали имало јасни протоколи и координираност за упатување на вакви тешки случаи во случај кога операционата  сала не работела на државната клиника, но и постапувањето на приватните клиники каде Фондот исто така покрива вакви операции, ќе утврдува стручната комисија. 

Првиот човек на Фондот за здравство вели дека договорите со приватните клиники се активни и квотите за тие операции не се потрошени.

„Двете приватни кардиохирургии Жан Митрев и Систина имаат новосклучен договор со фондот за 2025 и ваквите операции не може да бидат „потрошени“ во април месец. Ако воопшто така одговориле од било кого, тоа не е точно. Во усната комуникација со „Жан Митрев“ негираат дека имале таков пациент. Тие велат добиле це-де со снимките и усно тврдат дека рекле да биде донесен пациентот. Сите тврдат дека пациент во животозагрозувачка ситуација нема да биде вратен.“ – Сашо Клековски директор на ФЗОМ.  

Семејството на сега починатиот пациент обвини за пропусти во третманот. Комисијата ќе треба да го провери и нефункционирањето на операционата сала, протоколите за упатување на тешки пациенти во вакви случаи како и координираноста помеѓу здравствените институции.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ со реакција за посетата на премиерот на ОАЕ

Следно

Србија доби нова влада

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop