Страшна сообраќајна незгода вечерва во Бутел

February 28, 2023
1 min read

Скопјанец е пренесен во Градската болница со повреди од тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на семафорите кај џамијата, објави вечерва Макфакс

Додека тој со својот автомобил стоел на црвено светло, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина удрило и целосно го згмечило задниот дел, а автомобилот се извртел за 360 степени.

Очевидци за „Макфакс“ раскажаа дека возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа возел со неверојатна брзина.

„Возеше можеби 200 километри на час“, раскажа за „Макфакс“ жена која ја посведочи несреќата.

Возачот не успевал да го совлада забрзаното возило по ударот.  На крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата кое е целото покриено со стакла.

МВР го обезбедува местото. Се чека увидна екипа.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мисајловски: ДУИ наредува Ковачевски исполнува, а Македонија тапка во место

Следно

Вучиќ вели дека е подготвен да спроведе многу работи од европскиот план, освен признавањето и влезот на Косово во ОН

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop