Стотици комбајни синхронизирано жнеат на бескрајните полиња на турската „ризница на жито“

June 23, 2024
1 min read

ШАНЛИУРФА (АА) – Сезоната на жетва на пченица во бескрајните полиња на Земјоделскиот комбинат „Џејланпинар“ на југоистокот на Република Туркије донесе богат род, а снимките од работата на златните полиња се гордост за вредните земјоделци кој го чекаа тоа цела сезона, јавува Анадолу.

Станува збор за Земјоделскиот комбинат кој работи под Генералната дирекција на земјоделски претпријатија (ТИГЕМ) на Министерството за земјоделство и шумарство на Република Туркије, кој врши земјоделска дејност на ниви со површина од 1.633.000 дунуми.

Тој е најголемиот земјоделски имот во Република Туркије и еден од поголемите во светот, а познат е и како „ризница на житарки“ бидејќи на него се одгледуваат пченица, јачмен, леќа, пченка, ф’стаци, сончоглед, сточен грашок и други земјоделски култури.

Сезоната на жетва на овие полиња започна на почетокот на месецот, од кога на полињата непрекинато работат 229 комбајни, 128 камиони и 1.200 работници.

Жетвата на пченицата се врши прецизно за да се минимизираат загубите на житарки. Целта е во рок од 15 дена да се заврши жетвата на пченицата во претпријатието.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници Израелци протестираа против Владата на Нетанјаху, барајќи размена на заробеници со палестинските фракции

Следно

Двајца повредени во руски воздушен напад на Киев

Latest from Blog

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop