Столтенберг: Време е Шведска да влезе во НАТО, таа направи сè што бара Турција

January 9, 2023
1 min read

Време е Шведска да стане членка на НАТО, бидејќи направи сè што е потребно Турција да го одобри нејзиното приклучување, изјави денеска генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.

– Дојде време процесот на ратификација за Шведска да заврши. Уверен сум дека Шведска ќе стане членка на НАТО. Не сакам да дадам прецизен датум кога тоа ќе се случи. Процесот за влез на Шведска беше невообичаен и брз, обично трае неколку години, изјави Столтенберг за шведскиот весник „Афтонбладет“.

Шведска и соседна Финска во мај ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО, откако Русија ја почна својата инвазија врз Украина на 24 февруари. За влез на една земја во НАТО е потребно одобрение од сите членки на Алијансата.

Парламентите на 28 од 30-те членки на НАТО го ратификуваа протоколот за прием на Шведска и Финска, а само Турција и Унгарија сè уште не го сторија тоа. Турција врши притисок врз двете нордиски земји да ги потиснат групите што Анкара ги смета за терористички организации и да екстрадираат лица осомничени за злосторства поврзани со тероризам.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Али во Македонија има две маши, едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите и апетитите на ДУИ, вториот е Апасиев кој мора да глуми патриот, а делата му се еднакви на нула“

Следно

Првиот човек на францускиот фудбал му се извини на Зидан

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop