Столтенберг: Украина нема да добие формална покана за НАТО на самитот во јули

June 19, 2023
1 min read

Испраќањето официјална покана е првиот чекор во процесот на приклучување кон Северноатлантскиот договор. Столтенберг додаде дека лидерите на Алијансата ќе разговараат како Украина да се приближи до НАТО

Лидерите на НАТО нема официјално да ја поканат Украина да се приклучи на Алијансата на самитот во Вилнус во средината на јули, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„На самитот во Вилнус и во подготовките за самитот не разговараме за прашањето за официјална покана“,

изјави Столтенберг за новинарите по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

Испраќањето официјална покана е првиот чекор во процесот на приклучување кон Северноатлантскиот договор. Столтенберг додаде дека лидерите на Алијансата ќе разговараат како Украина да се приближи до НАТО. Тој, исто така, предупреди да не се прифати замрзнатиот конфликт во Украина во замена за прекин на војната.

„Сите сакаме оваа војна да заврши, но праведен мир не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија“,

рече тој.

Столтенберг се осврна и на ситуацијата во Косово, повикувајќи ги сите страни да престанат со секоја понатамошна ескалација и веднаш да се вратат на дијалогот што го води ЕУ.

„Нашите сили, КФОР, ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да гарантираат безбедна средина“,

додаде тој.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на кризна средба во Брисел следната недела. Сепак, ниту еден од нив не потврди дека ќе одговори на поканата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските фудбалери вечерва против Англија ги продолжуваат евроквалификациите

Следно

Холандскиот фудбалер Промес осуден на 18 месеци затвор

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop