Столтенберг: Приклучувањето на Украина кон НАТО додека трае војната не е на агендата

May 24, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, се очекува лично да присуствува на следниот самит на НАТО кој треба да се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус. Тој неодамна изјави дека престојниот самит може да биде вистински момент за политичка одлука во врска со членството на неговата земја во Алијансата

Украина нема да може да се приклучи на НАТО се додека трае војната, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавуваат агенциите.  

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/Фото: Архива

Ова шефот на НАТО го кажа на настан организиран од германскиот Маршалов фонд на САД во Брисел.  

„Мислам дека сите сфатија дека, да се стане членка среде војна, не е на агендата“,

рече Столтенберг, пренесува Ројтерс.  

Во контекст на ова, тој додал дека прашањето е што ќе се случува кога ќе заврши војната.  

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, се очекува, како што претходно беше највено, лично да присуствува на следниот самит на НАТО кој треба да се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус. 

Украинскиот претседател неодамна изјави дека престојниот самит може да биде вистински момент за политичка одлука во врска со членството на неговата земја во Алијансата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Идентификуван напаѓачот на центарот „Туркеви“ во Њујорк

Следно

Скопје танцов театар со „Табу република“ на Бобан Русески гостува во Гевгелија

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop