Идентификуван напаѓачот на центарот „Туркеви“ во Њујорк

May 24, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Властите денес го идентификуваа лицето што изврши напад врз седиштето на турската дипломатија во Њујорк, јавува Анадолу.

Турските власти вчера споделија информации за сторителот со полицискиот оддел во Њујорк.

Реџеп Акбијик, турски државјанин кој ја напуштил Туркије минатата година, сѐ уште е во бегство, соопшти полицијата.

Тој, како што се наведува, е бездомник и има психички проблеми.

Центарот „Туркеви“ (Турска куќа) во Њујорк, зграда во која се сместени дипломатски мисии и во која се одржуваат културни настани, отворена во 2021 година спроти зградата на Обединетите нации во Њујорк, беше нападната во понеделникот.

Акбијик ги искрши стаклата на зградата во 3:14 часот по локално време.

Во нападот нема повредени, но оштетени се 12 прозорци и вратите на зградата.

Турските власти остро го осудија нападот и ги повикаа локалните власти да го пронајдат напаѓачот и да ја обезбедат потребната заштита, со цел да се осигури безбедноста на нивните дипломатски претставништва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије на трето место во светот по бројот на плажи со „Сино знаме“

Следно

Столтенберг: Приклучувањето на Украина кон НАТО додека трае војната не е на агендата

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop