Столтенберг: НАТО се повеќе загрижен дека Кина би можела да испорача оружје на Русија

February 28, 2023
1 min read

НАТО е сè позагрижен дека Кина, која неодамна предложи мировен план од 12 точки за ставање крај на војната во Украина, би можела да и достави оружје на Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Говорејќи на нордискиот самит САМАК во Хелсинки, Финска, Столтенберг истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за уште војување додека започнува нови офанзиви, мобилизира повеќе војници и посегнува до Северна Кореја и Иран за повеќе оружје.

-Ние сме, исто така, се повеќе загрижени дека Кина можеби планира да обезбеди смртоносна поддршка за Русија, рече тој, повикувајќи го НАТО да продолжи да ја поддржува Украина.

Столтенберг објасни дека дури и кога војната ќе заврши, НАТО „мора да го прекине кругот на руската агресија“ дозволувајќи и на Украина да се одврати и да се одбрани од идни напади.

Столтенберг го повика НАТО да обезбеди долгорочни безбедносни аранжмани за Украина, бидејќи таа земја припаѓа на евроатлантското семејство.

Столтенберг го повика НАТО да обезбеди долгорочни безбедносни аранжмани за Украина, бидејќи таа земја припаѓа на евроатлантското семејство.

-Крајот на оваа војна нема да биде враќање на нормалноста во нашите односи со Русија, бидејќи Москва ја разградува целата архитектура на контрола на оружјето, додаде тој.

Според Столтенберг, земјите од НАТО мора да се посветат повеќе на буџетот за одбрана, дури и ако ризикуваат да ги намалат трошоците за други политики со цел да ја задржат безбедноста во се поопасниот свет.

Тој ја поздрави подготвеноста на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да продолжи со разговорите за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО и рече дека претставници на засегнатите страни ќе се сретнат следната недела во Брисел.

-Време е процесот да се финализира и Шведска и Финска да бидат полноправни членки на нашата Алијанса, рече Столтенберг. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Фото) Почина лице под Железничка станица во Скопје

Следно

Наум Стоилковски со нова гатанка за Артан Груби

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop