Screenshot

Столе Димитриевски како ѕид – Македонија остана непоразена и прва во групата!

October 10, 2025
1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа првата позиција во квалификациската група за Светското првенство 2026, откако во Брисел одигра 0-0 против фаворизираната Белгија. Со овој бод, избраниците на селекторот Благоја Милевски потврдија дека сериозно конкурираат за историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Белгија доминираше од првата до последната минута, со над 25 обиди кон голот на Столе Димитриевски, но македонскиот чувар на мрежата блескаше и ја држеше одбраната цврсто на нозе. Иако ривалот настапи со ѕвезди како Тросар, Де Брујне и Салемекерс, Македонија успеа со дисциплинирана игра и борбеност да го неутрализира „тоталниот фудбал“ на селекцијата на Руди Гарсија.

Белгијците имаа поништен гол во 18. минута поради офсајд, а неколку минути подоцна Тросар и Кастањ пропуштија одлични шанси. Најголемиот јунак беше Димитриевски, кој во вториот дел со неколку спектакуларни интервенции го сочува ремито. Милевски ги внесе Чурлинов и Ристовски за да ја одржи свежината во нападот, а кон крајот влегоа и Деспотовски и Алими за дополнителна стабилност во средниот ред.

 

Македонскиот тим издржа под постојан притисок и го освои „златниот бод“, кој може да се покаже клучен во трката за место на Светското првенство. По осум кола, Македонија е лидер со 12 бода, пред Белгија со 11 и Велс со 10, но со натпревар помалку.

Следниот предизвик за „црвено-жолтите“ е дуелот со Казахстан во Скопје во понеделник (20:45 часот), каде ќе се обидат да ја потврдат својата сензационална форма и да останат на патот кон светската сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот британски премиер стана виш советник во „Мајкрософт“

Следно

Мишел Платини: Да бев јас претседател на ФИФА, ВАР немаше да постои!

Latest from Blog

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop