Стојчевски во Отворено: Јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата

April 22, 2025
1 min read

Пратеникот од ЗНАМ, Даниел Стојчевски во Отворено рече дека, јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата.

Според него, за да немаат финансиски проблеми и долгови потребно е цените за претпријатијата за електирчна енергија и вода, да ги одредува регуаторот. Тој рече дека и потребни се долгорочни мерки за во иднина.

„Јавните комунални претпријатија немаат директна финансиска помош од страна на Владата, има исклучок каде владата донесе одлука за плаќање на долг на две јавни претпријатија во Струмица и Берово. Имаме системски проблем, не може советите да им ја определуваат цената, мора да има цена од регулаторот. Советите се политички тела што носат политички одлуки и секогаш носат одлуки што нема да направат рекција кај граѓаните. За да го надминеме тој проблем, претпријатијата треба да инвестираат во својата мрежа. Сега тие работат само за плати а не да инвестираат да намалат згуба. Тоа ако инвестираат е од некои фондови. Не располагаат со сопствени средства бидејќи имаат блокирани сметки“, рече Стојчевски.

Тој објасни и дека има Закон за отпис на камата на долговите но е заглавен во Собрание. Според него, во моментов се работи на него.

„Ние имаме Закон кој е заглавен во Собрание. Се работи за Закон за отпис на камата на долгови кои ги имаат кон државни иституции. Така ќе им се даде можност за исплата на рати. Треба да се пушти, има работна група. Треба да се направи анализа за да се оди на фазни решавања на проблемот. За долгорочни мерки прво треба да ги одблокираме за да може да ја вршат својата дејност. Јавните претпријатија работат со блокирани сметки и може да плаќаат само плата но што е со долговите кои ги имаат. Тоа се сериозни проблеми. Треба овој Закон да се стави во собраниска процедура, доколку има потреба да се корегира и веднаш да се донесе и подоцна да се оди на долгоочни мерки“, додаде Стојчевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во македонскиот КИЦ во Загреб ќе се претстават етно групата „Баклава“ и македонскиот рубин

Следно

Сончево време со умерена облачност

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и
Go toTop