Стојаноски: Владата веќе обезбеди 30 милиони евра за реконструкција на студентските домови

November 26, 2025
1 min read

Единствена причина зошто денеска тука на овој амандман нема претставник од Левица е еклатантното непознавање и незнаење, како и директната грешка на тоа како тие ја поимуваат политиката, а тоа е политика на рил на Фејсбук, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет.

Стојаноски посочи дека ваквите постапки на овие пратеници не заслужуваат и да се коментираат, но кога ќе влезете во Собрание и кога ќе давате некакви вакви акти треба да знаат дека сепак, некој може да излезе и да ги соочи се реалноста, а тоа е дека студентските домови за кои бараат средства за реконструкција и веќе се реконструираат.

Стојаноски посочи дека за реконструкција на студентските домови Владата има обезбедено 30 милиони евра и истата ќе се одвива во три фази, така што до крајот на мандатот сите домови ќе целосно реконструирани.

-Двата дома којшто сте ги напишале на ваков амандман и тоа што го барате апсолутно се реконструираат, дека до сега Владата има обезбедено 30 милиони евра за реконструкција на студентски домови, дека заради добрата работа во реконструкцијата доби грант од 5 милиони евра од германската банка за развој, дека во три фази ќе се реконструираат сите студентски домови. Секоја фаза чини по 17 милиони евра и до крајот на мандатот сите студентски домови ќе бидат реконструирани. Понатаму, во Штип, затоа што тука е напишан и градот Штип, ќе се гради нов медицински факултет и паралелно со тоа ќе се изгради и комплетно нов студентски дом, рече Стојаноски.

Додаде дека така реагираат и така реализираат сериозни политичари кои ги решаваат проблемите на граѓаните, а не како пратениците на Левица кои како единствена работна активност го сфаќаат коментирањето по социјалните медиуми како Фејсбук и Инстаграм.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Binance воведува демо тргување за корисниците во Македонија

Следно

Wolt бележи глобален рекорд во првата недела од лансирањето во Скопје

Latest from Blog

ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.
Go toTop