Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

March 11, 2025
1 min read

„Денес се случи она што по трет пат се случува, кога пред да се случи седница во Собрание, СДС најавува жестоко дебатирање, жестоко спротивставување, тоа беше случај со ребаланс на Буџет, со Буџетот, со Законот за заемот од Унгарија и еве и сега. Ако според Деловник до вчера требаше да се достави список на пријавени говорници кои ќе зборуваат по интерпелациите и СДС уредно го имаше доставено, денес се случи да ја променат одлуката, да земе збор само кооординаторот и на крајот од говорот да каже дека тие нема да учествуваат на оваа седница“, прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Стојаноска преседан е поставувањето на Дамева за член на Судски совет, додавајќи дека според Устав, Собранието предлага адвокат, универзитетски професор, или истакнат правник. Таа истакна дека Дамева без ниту еден поминат ден во судница претходно не би требало да ја оценува, или следи работата на судиите.

„Уште еднаш би повторила дека повторно ги пуштаат во вода луѓето коишто тие ги поставија, тоа се случи со СЈО, со Русковска, со Љубомир Јовевски, тоа се случи токму и денес. Луѓето коишто тие ги протнаа да бидат членови на Судски совет, за Дамева којашто беше претпоследна претседателка на Судскиот совет. Ако Уставот вели дека Собранието предлага или универзитетски професор, или адвокат, или истакнат правник, прв случај или преседан беше Дамева да стане член на Судскиот совет без ниту еден ден поминат во судница. И замислете таква личност да оценува, да ја следи работата на судиите“, децидна е Стојаноска.

Стојаноска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не правела упад во Судскиот совет, напротив ВМРО-ДПМНЕ имала намера да го департизира ова судско тело коешто треба да биде независно во своето делување. Таа образложи дека Судскиот совет не работел согласно закон, прекинувал судски постапки и селективно делувал и од таа причина се случиле и интерпелациите. Стојаноска испрати јасна порака дека очекува да се пробуди моралот кај петте членови на Судски совет и да поднесат оставка после изгласаните интерпелации.

„И за мене впрочем не беше упад ова денес што го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, туку би се изразила дека Судскиот совет вршеше долго време упад врз правосудниот систем на оваа држава, со тоа што не работеше согласно законот за Судскиот совет, не постапуваше, селективно делуваше, прекинуваше судски постапки, имаше мноштво на преседани коишто денес добар дел од колегите ги напоменаа и токму затоа се случија интерпелациите. И ова е делот којшто е во рамките на можностите на она што како пратеници можеме да го направиме. Да, очекуваме да се пробуди моралот кај овие петмина коишто Собранието ги бира и Собранието денес им ги изгласа интерпелациите“, заклучува Стојаноска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фергусон ја поздрави идејата за нов стадион на Манчестер јунајтед

Следно

Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет, Спасовски обвини дека интерпелациите се неуставна категорија

Latest from Blog

Воз опкружен со пожар во Канада, машиновозачот снимен како поминува низ пламен (ВИДЕО)

Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз во пламен, а небото над Монтреал стана жолто во вторник наутро од чадот што се издига од пожарите стотици километри оддалечени во северен Квебек и

Рокот истекува, изборните измени во ќор-сокак

До вечерва на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик согласно европската агенда. Договор помеѓу партиите сè уште нема на повидок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кај опозицијата нема

Министерство за енергетика: Со поддршка од САД се гради систем за одбрана од дигитални закани

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз

Божиновска: Македонија ќе биде дел од клучната европска гасна мрежа

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен

Раст на Македонската берза – најмногу се тргуваше со акциите на ВФП Пензиско друштво

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос
Go toTop