Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет, Спасовски обвини дека интерпелациите се неуставна категорија

March 11, 2025
1 min read

Собранието на денешната седница со 73 гласа изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова Илиевска. Со 75 гласа пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа.

Собранието констатира дека Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека овие членови ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, тие го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судски совет.

Пратениците на СДСМ и на ДУИ ја напуштија седницата на Собранието за интерпелација на членовите на Судски совет.

Координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски, пред да ја напушти седницата рече дека власта со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок.

Тој од собраниската говорница рече дека со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Рече дека тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото.

Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна интерпелација, додаде тој.

„Зошто е неуставна? Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите“, рече Спасовски.

Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.

-Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Со изгласувањето на интерпелациите на Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа заврши денешната собраниска сендица на која претходно беа изгласани и интерпелациите на Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

Следно

Спасовски: Со интерпелациите власта прави дискриминација на дел од членовите во Судскиот совет

Latest from Blog

Воз опкружен со пожар во Канада, машиновозачот снимен како поминува низ пламен (ВИДЕО)

Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз во пламен, а небото над Монтреал стана жолто во вторник наутро од чадот што се издига од пожарите стотици километри оддалечени во северен Квебек и

Рокот истекува, изборните измени во ќор-сокак

До вечерва на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик согласно европската агенда. Договор помеѓу партиите сè уште нема на повидок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кај опозицијата нема

Министерство за енергетика: Со поддршка од САД се гради систем за одбрана од дигитални закани

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз

Божиновска: Македонија ќе биде дел од клучната европска гасна мрежа

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен

Раст на Македонската берза – најмногу се тргуваше со акциите на ВФП Пензиско друштво

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос
Go toTop