Сточарите се соочуваат со уцени, закани и притисоци

June 21, 2026
1 min read

Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништување.

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, предупреди дека Македонија во моментов произведува околу 62 проценти од вкупните потреби за млеко, но наместо домашното производство да се зголемува и постепено да ги задоволи потребите на државата, сточарите се соочуваат со сериозни проблеми во откупот.

Крмов истакна дека целото домашно производство треба да биде откупено по цена повисока од 30 денари за литар, што е минимум за одржливо производство.

„Наместо од 62 посто производство постепено да дојдеме до 100 посто производство на млеко и да ги задоволиме потребите на Македонија ние имаме неконтролиран увоз на неквалитетно млеко во прав и млеко од Србија кој што им одговара на големите производители, а тие се заштитени и од оваа власт и од сите претходни власти“, вели Крмов.

Тој посочи дека во моментов се загрозени повеќе од 15.000 литри дневно производство на млеко и над 80 сточари кои членуваат во здружението за одгледување говеда во Делчевско. Дополнително, млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ неодамна целосно го прекинале откупот на сурово млеко, а по притисокот од сточарите повторно започнале со откуп, но под значително понеповолни услови.

„Сточарите се соочуваат со уцени, закани и притисоци. Од нив се бара да прифатат откупни цени намалени за 30 проценти, а им се посочува и дека постојат договори за пониски цени кои никој од нив не ги видел“, рече Крмов.

Според информациите што ги изнесе, на големите производители им се нуди цена од 28 денари за литар сурово млеко, додека на малите производители 25 денари за литар. Тој оцени дека овие цени се под прагот на исплатливост и претставуваат директна закана за опстанокот на домашното млекопроизводство.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

Следно

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop