Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“ на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор

August 28, 2023
1 min read

Песната „Денување“ на македонскиот автор Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.

Жири-комисијата во состав Стефан Марковски (претседател), Снежана Стојчевска и Виолета Танчева-Златева (членови), во своето образложение велат дека станува збор за песна со цврста структура.

– Наградената песна се издвои по уникатниот творечки пристап, кој се состои во густо исткаени метафори со одреден степен на индиректност што сведочи за индивидуалната поетска рефлексија која не остава простор за излишни зборови. Метафорите се нагласуваат со градацијата, која се воспоставува на ниво на строфи и на тој начин целата песна егзалтира во вид на метафора за самиот живот.

Во тие рамки, смислата на песната концизно допловува од вешто изградените слики што се надоврзуваат едноподруго како на филм. Низ само три строфи, Стефан Костоски мајсторски ги доловува клучните пунктови што го одбележуваат човековото векување. И животот и песната почнуваат со рожбата, светлината и истокот, сопоставени на заминот во мракот, кој сепак не е конечен.

Сликата во која чекорите се враќаат сами како што сенката се враќа во сопственото тело не е ништо друго освен најава за постојаната цикличност на егзистенцијата во која поетот недвосмислено верува и врз којашто верба ја втемелува основата на своето поетски обликувано сфаќање на животот – стои во образложението на жири-комисијата.

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” синоќа заврши официјалниот дел на 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Фестивалот ќе се заокружи со Меѓународен поетски митинг во Скопје, кој ќе се одржи вечерва на платото на Музејот на современа уметност со почеток во 20:30 часот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мишел: Проширување на ЕУ до 2030, Ковачевски за блокадите, Рама за песимизмот, Денков за Бугарите

Следно

„Вечер за паметење“-прв концерт на дуото за гитара и хармоника „Дармар“ на 30 август во Свети Наум во Охрид

Latest from Blog

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот кој го запре напаѓачот во Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје со сириско потекло, стана национален херој откако храбро интервенирал за време на смртоносната престрелка на плажата Бонди минатата недела. Додека се опоравува од тешки повреди во

За прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк, објави на својот фејсбук Д-р Игор Мерџаноски, директор на
Go toTop