Стариот стадион ќе се продава за да се изгради нов – Касами: Тоа е општинско земјиште, може да го купи секој граѓанин

December 17, 2023
1 min read

реклама


Општина Тетово ќе даде градежно земјиште, поточно стариот стадион на градот, за изградба на нов стадион. Градоначалникот Биљал Касами вели дека за да се обезбедат финансиски средства стариот стадион по редовни процедури ќе биде ставен на продажба.

„Секако дека начинот на плаќање ќе биде изнаоѓање можности со градежно земјиште. Градежното земјиште што е во рамките на општина Тетово, макар и со соодветна процедура, ќе биде ставено на продажба и секоја фирма, секој граѓанин ќе може да се пријави. Преку тоа ќе можеме да избришеме една обврска за инфраструктурен објект кој е важен за Тетово“, порача Биљал Касами.

реклама

Пред еден месец идејата на Касами беше поинаква. Тој рече дека стадионот ќе се гради од буџетот на општина Тетово, поточно од парите на тетовските даночни обврзници.

„Со парите на општината. Претпријатието е на општината и општината како основач ќе обезбеди средства за финансирање на овој проект. Од приходите на општината, од исплатите на граѓаните и сите други приходи што ќе ги обезбедиме при реализацијата на овој проект“, вели Биљал Касами.

реклама

Изградбата на стадионот ќе чини околу 10 милиони евра, додека тендерот е веќе во тек. Градоначалникот Биљал Касами вели дека помошните стадиони ќе бидат еден во село Сараќино и еден во спортскиот центар.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Митева: Европските пријатели со кои се фалеше Ковачевски се невидливи, поради криминалот и корупцијата во врвот на власта Македонија не ги започна преговорите

Следно

ПОЧИНА СЛАВНИОТ ГРУЗИСКИ РЕЖИСЕР ОТАР ЈОСЕЛИАНИ

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop