Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови

November 22, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Македонија до 13 часот денеска е стабилна.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.

Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.

Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски ги отфрла обвинувањата на ДУИ: Денот на Албанската Азбука е одбележан во секое училиште во општината

Следно

Ова е најпопуларниот зимски маникир, боја која ќе ја одбележи празничната сезона

Latest from Blog

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

Go toTop