ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

February 28, 2023
1 min read

Откако министерот за финансии Фатмир Бесими стори кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа и не им ги зголеми платите на вработените во МФ иако има законска обврска да го стори тоа, Владата во обид да го спаси усвои предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за буџети што за среќа на работниците не е поминат во собраниска процедура, па владејачкото мнозинство сега бара свои полтрони пратеници кои денеска на Законодавно правна комисија треба да сторат кривично дело по членот 166 и да го амнестираат министерот и неговиот избор да не почитува закон и тие да се заглават и да сторат кривично дело преку тоа што ќе го толкуваат членот 66, став 3 од Законот за буџети по желба на Министерот за финансии Бесими, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Ваква срамна дискриминација кон вработените во најважната владина институција не е видена во спроведување на правото и функционирање на правната држава, па прашуваме дали владините претставници кои пред само еден месец го фалеа и се фалеа со ваквото добро законско решение кое значи вреднување на вработените, сега ги омаловажуваат и дискриминираат своите вработени, па доколку истите ставот го менуваат од денес до утре за платите на работниците кои им се право утврдено во согласно со Закон, за што друго го менуваат ставот и на кој му е доверена државната каса на располагање и дали тоа значи дека одредени министри се над законите, а одредени пратеници се ништо повеќе од само аминџии на таквите политики на одредени министри.

Сојузот на синдикатите на Македонија во следните денови ќе поднесе кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими и против сите инволвирани кои не сакаат да го почитуваат законот кој сами си го донесоа и се пишманија, а на штета на работниците.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седум повредени, од кои шест деца, во пожар во бегалски логор во Сирија

Следно

Градежни активности во Ѓорче Петров: Се работи на улицата „Христо Батанџиев“

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски
Go toTop