„СРПСКИОТ ОПЕНХАЈМЕР“ – „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ НА БЈЕЛОГРЛИЌ ОСВОИ НАГРАДА ВО ЛОКАРНО, ПОБЕДИ ЗАБРАНЕТИОТ ИРАНСКИ „КРИТИЧНА ЗОНА“ НА АЛИ АХМАЏАДЕХ

August 12, 2023
1 min read

„Чувари на формулата“ на српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ освои награда на фестивалот во Локарно што заврши денеска. Филмот, кој во Србија се нарекува „Српски Опенхајмер“, за инцидент со радијација во 1950-те во југословенскиот Нуклеарен институт Винча, ја освои наградата Пардо верде за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што „на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост“.

„Чувари на формулата“ играше во програмата Пјаца Гранде во најголемото кино на отворено во центарот на Локарно. Филмот, поддржан од Еуримаж е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016.

Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, забранет во Иран. (Фото: Локарно ФФ) 

Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, филм кој иранските власти го забранија и се обидоа да го спречат да се прикаже во Локарно. Филмот, опишан како „химна на слободата и отпорот во Иран“, е снимен без дозвола од властите пред да започнат неодамнешните протести. Приказната следи човек кој вози низ подземјето на Техеран со своето куче, продава дрога и исцелува вознемирени души. Ова е четврти филм на Ахмаџадех, чии филмови ја прикажуваат бунтовничката младина во Иран и нивната конфронтација со теократијата во земјата. На Ахмаџадех и официјално му е забрането да работи како филмски режисер во Иран.

Специјална награда на жирито освои романскиот „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на Раду Жуде.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опозицијата во Косово со критики по посетата на Курти на РСМ – заобиколувањето на ДУИ се смета како постапка која ги дели албанските партии

Следно

Почнува Ликовната колонија Галичник

Latest from Blog

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и

Бојкоски: Обезбедени дополнителни средства за шампионскиот РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер. „Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени

Омерагиќ: ФИФА останува стратешки партнер на македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани
Go toTop