Српската полиција ја приведе поранешната градоначалничка на Ниш и нејзини соработници

February 21, 2025
1 min read

САРАЕВО (АА) – Поранешната градоначалничка на Ниш, Драгана Сотировски, денеска е приведена на Граничниот премин Прешево, пренесува Анадолу.

Во тек се претреси на неколку локации во Ниш во продолжение на акциите против корупцијата, потврдија за Танјуг од Посебното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Покрај поранешната градоначалничка, српската полиција приведе уште четири лица.

Тие се сомничат за злоупотреба на положбата, со што на одредени фирми во периодот од 2022 до 2024 година им овозможиле да се стекнат со противправна материјална корист.

Полицијата низ Србија лиши од слобода десетици лица во рамки на низата истраги за злоупотреба на положбата и корупција, а како што е соопштено од МВР, истрагите и акциите продолжуваат.

Продолжуваат и протестите и блокадите во многу градови во Србија со барања за процесуирање на одговорните за падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад минатата година, при што загинаа 15 лица.

Со оставката на премиерот започнаа низа истраги во врска со реализацијата на повеќе проекти во повеќе градови во Србија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Избрани најуспешните ученици – учесници во повикот за создавање творби на мајчиниот јазик

Следно

Мадридско дерби во осминафиналето во ЛШ, Реал против Атлетико

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop