Избрани најуспешните ученици – учесници во повикот за создавање творби на мајчиниот јазик

February 21, 2025
1 min read

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците организирашe настан на кој присуствуваа добитниците на наградите од објавениот повик за доставување творби (поезија-проза) напишани на мајчиниoт јазик на учениците.

Право на учество во повикот имаа сите ученици од шесто до деветто одделение, а еден од условите за учество беше творбите да бидат напишани на мајчиниот јазик на ученикот (македонски, албански, турски, ромски, српски, босански, влашки и/или други јазици), независно дали тој е застапен во редовната настава во училиштето. Темите на творбите беа по слободен избор на ученикот, со назнака да немаaт дискриминаторски елементи кон припадниците на другите заедници, нивниот јазик, вероисповедтa.

Најуспешните ученици и нивните ментори добија признанија и пригодни подароци.

„Светот денес го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари воспоставен од Обединетите нации и УНЕСКО во 1999 година, а во насока на промоција, негување и афирмација на сите јазици што ги користат народите во светот, како и за поддршка на имплементацијата на стратегиите и политиките во полза на различноста на јазиците во сите делови од светот, што е и наша цел и задача. Да изградиме општество, почитувајќи го правото на говорење и изучување на мајчиниот јазик на сите заедници, воедно и да работиме на креирање политики на рамноправност, спречување на секаков обид на дискриминација, јакнење на културните особености и промоција на соживотот во нашата земја која се карактеризира како повеќенационална и повеќејазична“, истакна заменик-претседателот и министер Иван Стоилковиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: 500 евра минимална плата во овој момент е нужност

Следно

Српската полиција ја приведе поранешната градоначалничка на Ниш и нејзини соработници

Latest from Blog

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска категорично демантираше дека постои каков било договор за прифаќање мигранти. -Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop