Средба Трамп – Зеленски

February 28, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Вашингтон за да разговара со Трамп за последните детали од договорот за минерали меѓу Украина и САД. Со овој договор Киев работи на враќање на американската поддршка за борба против руската инвазија.

Овој договор  за кој беше преговарано во последните денови ќе го отвори огромното минерално богатство на Украина за САД, но не ги вклучува американските безбедносни гаранции, што е разочарување за Украина. Договорот му дава право на Вашингтон да надомести дел од милијардите долари трошоци за американското вооружување доставено до Киев преку инвестициски фонд за реконструкција поврзан со продажбата на минералите со ретки земји во Украина.

Сепак Трамп пред средбата упати порака или наскоро ќе има мировен договор или воопшто ќе го нема. Тој на средбата со британскиот премиер Стармер, оцени дека постигнувањето договор ќе биде потешката, а одржувањето на мирот полесна фаза. Во овалната соба Трамп беше запрашан да ја искоментира неговата изјава кога лично тој  Зеленски го нараче диктатор на што претседателот на САД одговори: 

– Сум го кажал тоа? Не можам да верувам дека го кажав тоа. Следно прашање? Мислам дека Путин ќе си го одржи зборот. Зборував со него. Го познавам веќе долго време. . не верувам дека ќе си го прекрши зборот. Кога ќе склучиме договор, мислам дека договорот ќе се одржи. – Доналд Трамп претседател на САД.

Украина пак се надева дека договорот ќе го поттикне Трамп да ги поддржи напорите на Киев да ја врати територијата заземена од Русија. А кога британскиот премиер кажа дека би  испратиле мировни трупи во украина кои би го одржувале евентуалниот прекин на огнот, претседателот на сад одби да се обврзе дали би распоредил американски војници како поддршка на европските мировни сили. Вети дека ќе одговори во случај на агресија врз НАТО членка, иако смета дека нема да има потреба од тоа. 

– Ако им треба помош, јас секогаш ќе бидам со Британците, во ред? Јас секогаш ќе бидам со нив. Но, не им треба помош. – Доналд Трамп претседател на САД.

Портпаролот на Европската комисија Ел Ануни денеска со порака дека  ЕУ не отстапува од ставот „ништо за Украина без Украина и ништо за украинската безбедност без ЕУ“, затоа што „безбедноста на Украина е и безбедност на ЕУ“. Додека Русија кажа дека  сака да води дијалог не само со САД, туку и со сите земји врз основа на взаемно почитување и взаемна корист. И дека го чекаат исходот од средбата со Зеленски за коментар.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Регионална конференција “Заедно водиме, младите се сила на Балканот“

Следно

Порака на поглаварот на ИВЗ по повод почетокот на Рамазанскиот пост

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop