Порака на поглаварот на ИВЗ по повод почетокот на Рамазанскиот пост

February 28, 2025
1 min read

Во пресрет на почнувањето на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи испрати порака во која истакна дека овој голем месец потсетува на важноста на постот, покорноста и добрите дела, и кој не води кон духовно и физичко прочистување.

Тој им порача на верниците дека постот не е само чин на воздржување од храна и пијалаци, туку, како што посочува, духовно патување коe помага да се формира свеста за доброто и да се зајакнува врската со Семоќниот Алах и да го негуваме чувството кон другите.

-Во овој месец на знаење и мудрост, да бараме знаење и да го продлабочиме нашето разбирање преку читање и размислување. Рамазан исто така е и можност за зајакнување на меѓусебните врски, за остварување на толеранцијата, милоста и хуманоста. Тој не повикува да бидеме сакани, да бидеме повнимателни кон луѓето, особено кон луѓето кои имаат потреба за помош, и да придонесеме за градење на поправедно и мирно општество. Го молиме Возвишениот Алах овој месец да донесе мир во нашите срца и секаде во светот. Се молиме за прекин на сите конфликти и за крај на страдањата на невините луѓе, вели Фетаху.

Поглаварот на ИВЗ во порака посакува овој месец за биде време за помирување, простување и блискост еден со друг.

-Браќа и сестри! Дозволете ми, во име на Исламската Верска Заедница и во мое лично име, да посакам од се срце овој Рамазан да ни биде исполнет со добрина и божествена милост. Алах да ни даде сила и да ни го направи постот лесен и го молиме Севишниот Алaх да ни овозможи опрост и да не покрие со Неговата бескрајна милост. Алах да ве благослови вас и вашите семејства, вели Фетаи во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Трамп – Зеленски

Следно

Меѓународен ден на ретки болести: Еве што треба да знаете за секојдневната борба

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop