Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на Државен архив: Блиска ми е логиката Архивот да се врати во својот претходен дом

March 5, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги примила проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, директорка на Државен архив и м-р Марјан Гијовски, раководител на одделението за истражување, меѓународна и домашна соработка.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, директорката Котлар-Трајкова ја запознала претседателката Сиљановска-Давкова со лошите услови во коишто функционира оваа важна институција, како и за состојбата на архивската граѓа.

-Би сакала да ме разберете дека Државниот Архив не е лоциран на соодветно место. Наместо во сопствен, Државниот Архив е во ист објект, со уште две институции. Освен во поплавата во 2018-тата година, во којашто беше уништен дел од архивската граѓа, кровот сè уште протекува при секој пообилен дожд, додала директорката Котлар-Трајкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова од своја страна истакнала дека го дели мислењето со директорката на Архивот за неговата локација.

-Се согласувам дека не е добро решение Архивот на една држава да дели ист објект со други институции. Дополнително, загрижува фактот дека во прашање е институцијата којашто е чувар и трезор на нашата историска и културна меморија. Блиска ми е логиката Архивот да се врати во својот претходен дом, соодветен за чување на архивски материјал од непроценлива вредност, рекла претседателката.

Архивот располага со повеќе од 1.300 архивски фондови и 27 збирки на документи, збирка од близу 5 милиони микроснимки од архивски материјал, како и околу еден милион микроснимки и 500-тини илјади ксерокопи од истражени материјали во странски архиви, кои опфаќаат податоци дури од XII век.

Во Архивот, исто така, се чува, Евангелието по Апостол Лука, напишано на пергамент на старогрчки јазик, коешто датира од 12 век. Во Државниот архив се наоѓаат кадијските списи и други документи од Османлискиот период, вредни материјали од уставотворен карактер, како и архивски фондови од нашата дијаспора и од стари познати македонски фамилии со драгоцени информации за културното, историското и социјалното наследство на Македонија.

Директорката Котлар-Трајкова истакнала дека нивна цел е Архивот да прерасне во научно-истражувачки центар.

-Не сакаме да нè доживуваат како антикварница и писарница, заклучила таа.

На средбата, претставниците на Државниот архив изразиле желба да имаат член во Советот за дијаспора, со што, претседателката се согласила.

Тие ја поканиле претседателката да присуствува на одбележување на денот на Државниот Архив – 1 април, датумот на којшто институцијата официјално почнала да работи во 1951-та година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Државен Архив – и се пожалија за проблеми со локацијата и условите за работа

Следно

Врховниот суд на САД го отфрли планот на Трамп за замрзнување на странската помош

Latest from Blog

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop