Средба на Борел со лидерите на земјите од Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН

September 20, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, денес во Њујорк беше домаќин на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), јавува Анадолу.

Неформалниот состанок се одржа во контекст на зајакнувањето на соработката со партнерите од регионот за надворешната политика што, исто така, дава можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и неговата европска иднина.

Главен фокус беа проширувањето и идеите за постепената интеграција на партнерите во ЕУ.

„Борел и лидерите од Западен Балкан разговараа за начините за заедничко справување со штетните последици од руската војна против Украина врз цените на храната и енергијата, како и врз стабилноста и безбедноста во Европа и на глобално ниво“, се вели во соопштението на ЕУ.

Борел ја истакна важноста на блиската соработка на мултилатералните платформи.

„Во овој контекст, тој потсети дека Европската Унија смета на сите земји кандидати како доверливи партнери и во надворешната, безбедносната и одбранбената политика, вклучително и во усогласувањето со одлуките на ЕУ во овие домени“, се нагласува во соопштението.

Лидерите од регионот, исто така, имаа шанса да разговараат за очекувањата во врска со пристапувањето во ЕУ во време кога политиката за проширување на блокот доби нов импулс.

На состанокот учествуваа лидерите на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Пензионерите протестираа пред Влада – се бара линеарно зголемување на пензиите

Следно

Швајцарскиот Парламент го усвои законот за забрана на бурката

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop