Средба Мицкоски – Таравари утре, за премиерот е неприфатлива соработка со ДУИ

May 4, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски ќе очекува јасен одговор од лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на прашањето дали тој соработува со ДУИ. Двајцата најверојатно ќе се сретнат утре, по што ќе стана поизвесно дали Таравари ќе продолжи да биде дел од владејачката коалиција. Мицкоски откри што за него е неприфатливо.

„Дали е точно дека има договор помеѓу партијата на господинот Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулираме имињата, каде што тој ќе извади кандидати – Демократската унија за интеграција нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себепонижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа е за мене неприфатливо како претседател на Влада.“, изјави Мицкоски.

Од друга страна, претседателот на СДСМ, Венко Филипче оцени дека земјата ја очекува многу динамичен период. Тој вели дека не се сретнал Таравари, но не одговори дали е можно социјалдемократите да соработуваат со Таравари за локалните избори.

„И покрај најавите и изјавите дека коалциијата е стабилна, сметам дека тоа што се случува го докажува токму спротивното. Кога еден дел од владината коалиција практично се отцепува, тоа е знак дека владината коалиција е нестабилна, но еве да видиме како ќе се одвива тој процес, има различни најави.“, изјави Филипче.

Претходно, останатити партии коалицијата „Вреди“ одлучија да се спојат во единствен политички субјект, без Алијанса на Таравари во него. Неодамна лидерот на БЕСА, Биљал Касами истакна дека Албанците во Македонија се консолидираат во две политички сили – ВРЕДИ и ДУИ и според него, секој што ќе ја напушти ВРЕДИ, си заминува со намера да и се приклучи на ДУИ

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Следно

Билансот на убиени Палестинци во израелската геноцидна војна во Газа надмина 52.500

Latest from Blog

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и

Бојкоски: Обезбедени дополнителни средства за шампионскиот РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер. „Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени

Омерагиќ: ФИФА останува стратешки партнер на македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани
Go toTop