Средба Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки

November 30, 2023
1 min read

реклама


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г.Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ г.Владо Мисајловски и г.Тимчо Муцунски оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија г. Петер Сјарто.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓудругото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси.

реклама

Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики сепак споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија, подвлече на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата како и недостатокот на инвестиции и реформи.

реклама

Двајцата соговорници ги потврдија исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската Влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката која Македонија ја има од пријателска Унгарија.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф предупреди на растечките антимуслимански чувства во Германија

Следно

Израел: Добивме список на заробеници за кои се очекува Хамас денес да ги ослободи

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop