Средба Фидан – Рубио: Турција повика на смиреност во Сирија и стабилност во регионот

July 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ја нагласи потребата од прекин на борбите во Сирија и враќање на стабилноста во регионот, информираа дипломатски извори, известува Анадолу.

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, во телефонски разговор со својот американски колега, Марко Рубио, истакна дека Турција под никакви околности нема да дозволи терористичките организации да ја злоупотребат ситуацијата во јужна Сирија.

Двајцата министри разговараа за ситуацијата во јужна Сирија, а Фидан ја нагласи важноста од спроведување на меѓусебното разбирање постигнато од инволвираните страни.

Шефот на турската дипломатија предупреди дека континуираните интервенции на Израел на сириска територија ја влошуваат кризата и додаде дека секој напад насочен врз територијалниот интегритет, единството и суверенитетот на Сирија ги поткопува напорите за регионален мир.

Тој ја потврди поддршката на Турција за конструктивната улога што САД ја играат во Сирија и ја изрази подготвеноста на Анкара да соработува со Вашингтон и меѓународните актери за да се постигне трајно решение за конфликтот.

Фидан нагласи дека не смее да се пропушти можноста за обликување на иднината на Сирија.

Во текот на разговорот станало збор и за ситуацијата во Појасот Газа и преговорите за прекин на огнот.

Министерот Фидан го повтори барањето на Турција за итен и траен прекин на огнот и потребата од доставување хуманитарна помош во регионот.

Сè уште траат борбите меѓу племенските сили на бедуините и локалните вооружени групи на друзите во западните и северните делови на сириската покраина Сувејда.

– Судири во Сувејда и израелски напади

Мали судири избувнаа меѓу бедуинските арапски племиња и вооружените групи Друзи во покраината Сувејда во Јужна Сирија на 13 јули.

Десетици војници беа убиени во нападите на групите Друзи врз сириските безбедносни сили распоредени во регионот.

По ескалацијата на судирите меѓу безбедносните сили и локалните вооружени групи Друзи беше постигнат прекин на огнот меѓу страните.

Прекинот на огнот брзо пропадна, а израелската армија започна напади насочени кон сириските безбедносни сили.

На 16 јули израелските воздухопловни сили ги нападнаа сирискиот претседателски комплекс, седиштето на Генералштабот и Министерството за одбрана.

Додека истиот ден беше повторно воспоставен прекин на огнот меѓу владата и локалните групи во Сувејда, израелски воени авиони започнаа напади врз Дамаск и Дара.

По договорот, некои вооружени групи Друзи почнаа насилно да ги раселуваат бедуинските Арапи. Судирите меѓу двете страни повторно разгореле на 17 јули, но безбедносните сили не интервенирале.

Се проценува дека во судирите и израелските напади во Сувејда, од каде што се повлекле безбедносните сили, животот го загубиле стотици луѓе.

Конфликтот го остави регионот без храна, електрична енергија и вода, создавајќи хуманитарна криза.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Тетово

Следно

Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко

Latest from Blog

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки
Go toTop