Средба Ердоган-Штајнмаер: Туркије ќе ја продолжи соработката со Германија за регионални прашања

February 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије ќе продолжи да соработува со Германија за регионалните прашања, вклучително Сирија, Газа и војната во Украина, известува Анадолу.

„Желба на сите нас е траен мир и просперитет во Сирија, каде што новата администрација во декември ја презеде одговорноста по падот на режимот на Башар-ал Асад, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер во главниот град Анкара.

Турскиот претседател рече дека прекинот на огнот во Газа, кое започна на 19 јануари и додаде дека одржувањето на прекинот на огнот во Газа бара колективна одговорност, а меѓународната заедница мора да истрае во напорите за решение за две држави во израелско-палестинскиот конфликт.

Осврнувајќи се на исламофобијата во Европа, претседателот Ердоган рече:

„Забележуваме дека акциите и дискурсите за ксенофобија, расизам и исламофобија се зголемуваат во Европа. Ова го загрижува и турското општество“

Во своето обраќање германскиот претседател Штајнмаер рече дека Германија има заеднички интерес со Туркије за воспоставување траен мир во регионот, потенцирајќи дека Анкара е многу важен актер во овој процес.

Коментирајќи ги широко осудените предлози на американскиот претседател Доналд Трамп за протерување на Палестинците од Газа во земји како Јордан и Египет, Штајнмаер рече дека предлозите на Трамп за протерување на Палестинците предизвикуваат голема загриженост и се неприфатливи според меѓународното право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола не е добро психички

Следно

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop