Србија подготвува закон со кој ќе забрани продажба на електронски цигари на малолетници

April 6, 2023
1 min read

Претходно беше најавено дека електронските цигари ќе бидат забранети во сите затворени јавни простори, фирми и угостителски објекти, што е предвидено со новиот предлог-закон за забрана за пушење во затворени простори

Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека започнува со изработка за измени на Законот за заштита на потрошувачите, а како што е наведено на веб-страницата на Министерството, измените ќе бидат во делот што се однесува на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица, јавува „Нова.рс“.

Претходно беше најавено дека електронските цигари ќе бидат забранети во сите затворени јавни простори, фирми и угостителски објекти, што е предвидено со новиот предлог-закон за забрана за пушење во затворени простори.

Министерката за здравство д-р Даница Грујичиќ, иницијатор на забраната за пушење, е за строги казни кога е во прашање забраната за пушење и како што изјави, „утре би вовела целосна забрана за пушење во затворени простории“.

„Законот е завршен, сега оди во Законодавниот дом да се усогласи со другите закони и да се види дали треба да се сменат некои членови. Она што е важно е казнената политика, која мора добро да се спроведе, односно инспекциите да одат на контрола. Затоа што, ако му наплаќаш на некој 5 000 динари, кому е полна кафеаната и е зачадено, тогаш ништо нема да направиме. Но, ако треба да плати казна од еден милион динари, тогаш мислам дека ќе размисли“,

истакна Грујичиќ.

Како што потврдија од Министерството за здравство, затворените простори не се единствените места каде што може да се забрани пушењето. Списокот вклучува и многу посетени делови од градовите.

„Ќе биде забрането консумирањето чад од тутун и од електронските цигари на автобуските постојки, детските игралишта и спортските настани“,

потврди помошникот министер за здравство Јелена Јанковиќ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен 74-годишен маж кој натерал малолетници да извршат грабеж

Следно

Кралот Чарлс го покани Бајден во посета на Британија, американскиот претседател прифати

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop