Србија ќе си купи пристаниште во Грција: Имаме пари, тоа не е проблем, вели Вучиќ

February 13, 2024
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум во Палатата Србија истакна дека на Србија и треба пристаниште поради извозот, кој ќе се зголеми и дека Србија е подготвена да купи одредени капацитети на пристаништата во Солун или Пиерија.

– Србија се повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште. За нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиерија, дури и да купиме дел од пристаништето, одредени капацитети од 5-10 проценти. Имаме пари, тоа не е проблем. Треба да имаме побрз извоз во светот и разговаравме за тоа – рече Вучиќ.

Кога ќе го зголемиме производството на автомобили, со рудници, железарници, тоа ќе ни треба, рече тој.

Ќе се бориме за секоја грчка и српска компанија

– Ќе треба да работиме повеќе и да се бориме за секоја грчка и српска компанија, да се бориме за наш влез на грчкиот пазар во различни области, но да привлечеме што повеќе грчки компании овде. Затоа побарав од премиерот Мицотакис, иако знам дека се работи за пазарно работење, да побара од грчките финансиски институции, особено од грчките банки, повторно да покажат интерес за српскиот пазар, бидејќи Србија денес е поинаква – нагласи Вучиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митрески: Шест од осум пратеника на Алијанса за Албанците се дел од владејачкото мнозинство

Следно

„Меѓународната заедница да ја преиспита испораката на оружје на Израел“

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop