„Меѓународната заедница да ја преиспита испораката на оружје на Израел“

February 13, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, вчера ја повика меѓународната заедница да го преиспита снабдувањето на Израел со оружје, известува Анадолу.

„Колку пати слушнавте најистакнати лидери и министри за надворешни работи низ светот како зборуваат: ‘премногу луѓе гинат’?“, праша Борел на конференцијата за новинари во Брисел.

Борел истакна дека дури и претседателот на САД, Џо Бајден, го коментирал бројот на мртви во Газа, велејќи дека тоа е премногу и дека не е пропорционално.

„Па, доколку верувате дека премногу луѓе се убиени, можеби би требало помалку оружје да му праќате на Израел за да спречите толку луѓе да бидат убиени“, рече Борел.

Потсетувајќи дека во 2006 година САД одлучиле да ја запрат испораката на оружје на Израел во текот на војната со Либан, кога Израел не сакаше да ја заврши војната, Борел рече дека „целосно иста работа“ се случува и денес.

„Сите одат во Тел Авив и молат: Ве молиме, немојте да го правите тоа, заштитете ги цивилите, немојте да убивате толку луѓе!“, рече Борел и праша: „Колку е премногу? Кој е тоа стандард?“

Високиот претставник на ЕУ истакна дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, не слуша никого бидејќи инсистира на тоа дека Израел мора да го преземе целиот Појас Газа.

„Доколку меѓународната заедница навистина верува дека ова е масакр, дека премногу луѓе се убиени, можеби ќе мора да подразмисли за прашањето на испораката на оружје“, рече Борел, повикувајќи се на холандскиот суд кој нареди прекин на испораката на делови за авионите Ф-35 на Израел од Холандија, со цел да се имплементира привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија ќе си купи пристаниште во Грција: Имаме пари, тоа не е проблем, вели Вучиќ

Следно

Еден убиен во пукање во метрото во Њујорк

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop