Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија, Каиро ја поддржува иницијативата Отворен Балкан

July 13, 2024
1 min read

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, денесka во Каиро беше потпишан Договор за слободна трговија меѓу Србија и Египет и 10 други билатерални документи за соработка меѓу двете земји во различни области, јави дописникот на МИА од Белград.

На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега, по пленарната средба на двете делегации, претседателот Вучиќ изјави дека Договорот за слободна трговија е исклучително важен. Тој наведе дека се потпишани вкупно 10.412 тарифни линии за Србија и 6.075 тарифни линии за Египет.

-Побрзо ќе ги развиваме нашите трговски односи и односите меѓу нашите индустрии, истакна Вучиќ.

Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека потпишаните договори дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите односи меѓу Србија и Египет.

– На денешните средби се согласивме за важноста од зајакнување на соработката во науката, преку договорот за слободна трговија што беше потпишан денеска и многу други документи. Тоа ќе ја зајакне економската и трговската соработка меѓу Србија и Египет, рече Сиси.

Тој ја нагласи значајната улога на Србија во зајакнувањето на соработката и стабилноста во регионот во кој се наоѓа.

-Ние навистина го поддржуваме спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан. И сакаме земјите од Западен Балкан да се зближат и да ја зајакнат регионалната стабилност, рече Ел Сиси.

Тој изјави дека со претседателот Вучиќ разговарал за случувањата на меѓународната сцена, со посебен осврт на Појасот Газа и Украина.

Договорот за слободна трговија го потпишаа министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за инвестиции и надворешна трговија на Египет, Хасан ел Хатиб.

Министерот Момировиќ изјави дека по ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Египет, царините ќе бидат укинати за речиси целото српско земјоделство.

-Штом ќе биде ратификуван Договорот за слободна трговија, ќе се укинат царините од 40 отсто за свежите јаболка, како и царините од 30 отсто за сувите сливи и 20 отсто за замрзнатите бобинки. Царините за производите од нашата прехранбена индустрија, кои сега се движат од 20 на 60 отсто полека ќе почнат да се намалуваат, а ќе се укинат и царините за минералната вода и безалкохолното пиво, кои сега се движат меѓу 20 и 30 отсто, рече Момировиќ.

Тој посочи дека тоа е голема шанса за земјоделците и домаќините од Србија, но и огромна шанса за српската керамичка индустрија, фармацевтската индустрија и многу други индустрии.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Воткинс: Ќе го освоиме трофејот против Шпанија

Следно

Најмалку 10 Палестинци се убиени во израелски напад врз џамија во кампот Шати

Latest from Blog

Во петок наутро посебен режим на патот Блаце – Скопје, ќе се извлекува излетан камион

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (28.03.2025) во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек,

Алиспахиќ во 24 анализа: Треба да има еднкавост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани

Адвокатот Асмир Алиспахиќ во 24 анализа рече дека треба да има еднаквост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани. Според него, не треба за едни да има ефективен притвор

Потпишан Меморандум меѓу турската МКЕ и АТС Груп од Северна Македонија за соработка во одбранбената индустрија

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија, АТС Груп, потпиша меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Туркије, пренесува Анадолу. На потпишувањето на меморандумот присуствуваа високи претставници

Ганиу и Герасимовски ќе се тркаат за нов мандат, Ѓорѓиевски ќе се бори за Скопје

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат градоначалниците на општините Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на Чаир Висар Ганиу и на Центар, Горан Герасимовски. Ги прашавме за локалните избори, а нивните

Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земја

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со  МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на
Go toTop