Србија гради масовно и брзо за да биде подготвена за ЕКСПО 2027, НАЈГОЛЕМ БИЗНИС САМИТ ВО РЕГИОНОТ

December 9, 2025
1 min read

На местото каде што ќе се одржи Меѓународниот специјализиран саем EXPO 2027 во 2027 година, се работи со полна пареа а на градилиштето се постојано пистутни околу 3.700 работници. ЕКСПО е најголема инвестиција на Србија и оттаму се очекува најголем приход од било кој стопански усбјект од државата,

Каде и да погледнете, машините и работниците се движат, бидејќи истовремено се градат неколку големи единици: Националниот стадион, станбениот комплекс „Expo Village“, изложбените павилјони, хотелот, а особено националниот павилјон на Србија, заедно со многу потребни придружни објекти.

Првите станови во комплексот наскоро ќе бидат завршени. EXPO Village има 11 згради на 160.000 бруто квадратни метри со 1.500 сместувачки единици, градинки, амбулатни, саемски дворани, трговски и бизнис единици, како и државен фудбалски стадион со околу 55.000 места.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и министерот за финансии, Синиша Мали, неодамна го посетија градилиштето во Сурчин за да видат како напредуваат работите на местото каде што ќе се одржи големата меѓународна изложба.

Најголемото градилиште во овој дел од Европа, кое се простира на над 110 хектари и гордост на Србија – EXPO, полека станува град во град, што верувам дека ќе го завршиме до септември. Веќе можете да ги видите контурите на седум EXPO сали и тоа дава сосема поинаква слика за овој дел од градилиштето“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Синиша Мали објави на Инстаграм откако го посети ова градилиште.

Дури и не ги бројам патите што ги посетивме работниците, проверивме како напредуваат работите, како работат и градат на најголемото градилиште во овој дел од Европа“, објави Мали на таа социјална мрежа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успех за паметење: Каратистите од Битола одат на Европско првенство

Следно

Коњановски: Со инвестиции во училиштата ги подобруваме условите за учениците во Битола

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите
Go toTop