Спорни унапредувања и можна дискриминација во случајот со костадиновски и марковски

June 13, 2025
1 min read

Пет месеци откако судијата Андреј Димовски од граѓанскиот суд поднесол барање за утврдување за дикриминација од страна на комисијата во Судскиот совет за рангирање на  кандидатите за изборот во Апелација и речиси три месеци од унапредувањето на судии од кривичниот и граѓанскиот суд во Апелација, Уставниот суд пост фестум го испланирал за седница во јули откако изборот на судии на оглас стар три години веќе заврши изборот на судии, меѓу кои унапредени беа сопругите на претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски и на советникот за надворешна политика на премиероит Мицкоски, Сашо Марковски. 

– Согласно редоследот на доставени предмети до претседателот на Уставниот суд, предметот У.бр.276/2024 е предвиден за Дневен ред на седница на 02 јули 2025 година. – Уставен суд.

Од Судот нема одговор зошто судот не го земал в предвид барањето за приорит на судијата, кое било испратен две недели пред да се случи изборот во Судскиот совет. Ниту пак кога судијата известител го доставила предметот до претседателот на Уставен суд. Во предлогот до Уставниот суд судијата бара од судот да утврди дискриминација по основ на на социјален статус, сторена од Судскиот совет во постапката за негово рангирање. Оваа постапка според член 50 од Уставот, е итна.

Тој преку ова барање тврди дека е дискриминиран бидејќи во вкупните бодови на ранг листта за унапредување во Апелација иако работел во меѓународниот суд во Стразбур не му била призната годината и не добил бодирање. 

– Судот не може да отфрли барање за определено право со образложение дека не постои правна празнина и е должен да одлучува по него со повикување на општите начела на правото освен кога е тоа изрично забрането со закон. – Барање до Уставен суд.

Судијата од граѓанскиот суд го тужи и Судскиот совет за овој оглас и бара унаредувањата во Апелација до граѓанскиот суд на шест сдусии меѓу кои и сопругата на актуелниот претседател на уставниот суд Дарко Костадиновскии, да биде поништен. Адвокатот на Судскиот совет ги  уверуваше судиите од Управен дека самото оценување на кандидатите за влез во Апелација е согласно законот за судски совет од 2019 година и критериумите по оваа регулатива.

Одлука во Управен треба да се донесе на 17ти месецов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски на ГлобСек 2025 во Прага: „Западниот Балкан не смее да остане сива зона – Европа мора да покаже лидерство“

Следно

Израелски напад без преседан врз Иран, нападнати нуклеарни постројки убиени првите генерали

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop