Израелски напад без преседан врз Иран, нападнати нуклеарни постројки убиени првите генерали

June 13, 2025
2 mins read

Израел го нападна Иран Повеќе од 200 борбени авиони на воздухопловните сили ракетираа нуклеарни и воените постројки ширум државата. Погодени се десетици цели, вклучувајќи го главниот објект за збогатување ураниум, убиени првите луѓе на Иранската армија.

Од Тел Авив се заканија дека нападите ќе продолжат се додека не се елиминира можноста Техеран да развие нуклеарно оружје. Во очекување на реакцијата од иранската војска, израерлците масовно купуваат храна и вода, сите добиле инструкции да останат блиску до засолништата, службите за итни случаи складираат крв, а дел од болниците почнале да ги отпуштаат пациентите на домашна нега за да се ослободат капацитети.

Во меѓувреме, националниот совет за безбедност ги повика Израелците во странство да бидат претпазливи поради стравот од одмазда. На окупираниот Западен Брег, во сите палестински градови е прогласен полициски час.

„Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Иран веднаш возврати на нападите и лансираше преку 100 дронови кон Израел, голем дел од нив пресретнати уште пред да влезат во  израелскиот воздушен простор. Врховниот лидер на земјата, Ајатолахот Али Хамнеи, и се закани на израелската влада дека ќе биде сурово казнета за најновите напади, во кои елиминирани се неколку високи ирански нуклеарни научници и воени функционери, меѓу кои началникот на генералштабот на иранската армија и првиот човек на револуционерната гарда. Убиени се и цивили откако биле погодени станбени згради во престолнината.

„Утрово, ционистичкиот режим ја ослободи својата зла и крвава рака во злосторството против Иран и ја откри својата подла природа. Со овој напад, ционистичкиот режим си подготви горчлива судбина, која дефинитивно ќе ја добие.“ – ајатолах Али Хамнеи.

Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Марко Рубио, тврди дека земјата на никаков начин не е поврзана со нападот на Израел врз цели во Иран и дека Израел презел еднострани дејствија. Нападот го намали и просторот за маневар на САД да обезбедат согласност од Иран за запирање на неговата нуклеарна програма. Трамп го предупредува техеран да се согласи на нуклеарен договор бидејќи во спротивно, ќе следат уште побрутални напади.

„Веќе имаше премногу смрт и уништување, но се уште има време да се стави крај бидејќи следните планирани напади ќе бидат уште побрутални. Иран мора да склучи договор, пред ништо да не остане, и да го спаси она што некогаш беше познато како Иранска империја. Да нема повеќе смрт, да нема повеќе уништување. Само направете го, пред да биде предоцна.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

На страната на Техеран застанаа неговите соседи. Од Саудиска Арабија обвинуваат дека израелската агресија го поткопува суверенитетот и безбедноста на Иран. За либанската влада, најновите напади на Израел преставуваат кршење на меѓународното право и суверенитетот на Иран.

Голем број на земји почнаа да ги повикуваат своите граѓани да го напуштат регионот. Од македонското министерство за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така се порепорачува сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион.

„Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.“ – Министерство за надворешни работи.

А додека траат борбите на блискиот исток, авиокомпаниите почнаа да ги откажуваат и летовите до и од Израел поради ескалацијата на тензиите меѓу двете држави. Летовите што веќе се насочени кон Израел беа пренасочени кон други аеродроми а сите закажани заминувања се откажани. Затворен за летови е и воздушниот простор над Ирак и Сирија. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спорни унапредувања и можна дискриминација во случајот со костадиновски и марковски

Следно

ВМРО-ДПМНЕ објави нови 8 кандидати за градоначалници на локалните избори

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop