Според Календарот на МПЦ, денес се празнуваат овие светители

March 28, 2024
2 mins read

Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а с ? уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода. Но се крстија со крв. Еден ден овие седум момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“ Залудни беа ласкањата и заканите на Урбан. На овие момчиња им се придружи и угледниот граѓанин Агапиј, кој дотогаш доста страдаше за Христа и почна уште повеќе да ја распалува кај нив верата и љубовта кон Господ. Беа сите убиени со меч во 303 година, кога заминаа во Небесното Царство на Господ Христос.

Тропар
Поучени од мудроста змиина, телото го изложивте, главата ја предадовте во раце Христови, о свети маченици кои Бога, Кој е глава на сите Го прославивте, молете се свети страдалници, верата да ја сочуваме и по вашите молитви да се удостоиме во небесни дворови да пристигнеме.

Светиот маченик Александар

Од градот Сида Памфилиска. Намесникот на царот Аврелијан го запраша кој и што е тој. На ова Александар му одговори дека е пастир на Христовото стадо. „А каде е тоа стадо?“, беше следното прашање. Александар одговори: „Низ целиот свет живеат луѓето коишто Христос ги создаде; од нив оние што веруваат во Него се Неговите овци, а тие што се отпадници од Создателот и им робуваат на созданијата и на делата на рацете човечки, на мртвите идоли, како што правите вие, тие се отуѓени од Неговото стадо и на Страшниот Суд ќе застанат од Неговата лева страна како кози“. Злобниот судија нареди најпрво да го бијат со воловски жили, а по ова го фрлија во огнена печка. Но огнот не му наштети. Потоа му го стружеа месото. Најпосле судијата нареди и му ја отсекоа главата. Но штотуку ја изрече таа пресуда судијата подлегна под злиот дух и побесне. Како што урликаше го поведоа накај неговиот бог идол, но патем ја испушти својата зла душа. Свети Александар пострада меѓу 270 и 275 година.

Тропар
Со радост се исполнуваат душите на верните, од споменот твој, свет Александре, кој науката за животот ја изучи од Животодавецот, по пат воден од Патеводителот, вистината ја спозна од Вистинскиот, бисер непоколеблив, сјајот Христов заблеска во страдањата твои, и молитвите пред Него принесени за нашите души постојано те прават застапник на нашето спасение.

Светиот маченик Никандар Мисирец

Му ја дереа кожата, а потоа го заклаа заради верата во Христа. Го судеа затоа што како лекар им помагаше на христијанските маченици и чесно ги погребуваше телата на погубените. Чесно пострада во 302 година.

Тропар
Радоста од подвигот за Христа принесен уште повеќе ја збогати душата твоја, о лекаре Никандар, кога срцето со благодат се исполни и ти Бога Го прослави во страдањата твои. А Он, Кој ги прима твоите молитви за нас принесени, со нова облека нетлена и венец несвенлив те закити, во вековите на вековите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кнежевското семејство од Монако вознемирено од обвинувањата за прекумерно трошење пари

Следно

Два пожара на отворено во последното деноноќие

Latest from Blog

Нападната Марија Шерифовиќ: Ме зграпчи за врат

Имено, Марија одговараше на прашања од нејзините обожаватели и откри како девојката физички ја нападнала поради слика и зошто Марија подоцна носеше јака, објави Телеграф. – Едно лице ми пријде додека бев

Новогодишна донација од Витаминка за најмладите пациенти

Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекцијата Битола–Елбасан

АД МЕПСО соопшти дека успешно завршила постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од висок стратешки интерес – изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола
Go toTop