Спиропали: Усвоената резолуција од ЕП за Албанија вреднување на напредокот на патот кон ЕУ

July 9, 2025
1 min read

По дебатата одржана вчера, како и по претходното одобрување,  на 4 минатиот месец, од страна на Комитетот за надворешни работи (AFET), Европскиот парламент денеска,  на пленарна седница во Стразбур го одобри извештајот за напредокот на Албанија за 2023 и 2024 година.

На веста прва реагираше претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, која во објава на социјалните мрежи оцени дека овој извештај претставува важна политичка и институционална оценка за напредокот на Албанија на патот кон членство во Европската Унија и ја “потврдува широката поддршка што процесот на проширување ја ужива во Европскиот парламент”.

“Го поздравуваме извештајот на Европскиот парламент, ја цениме неговата конструктивна и поддржувачка улога и им се заблагодаруваме на европратениците за внимателното следење на развојот на настаните во Албанија и балканскиот регион“, напиша меѓу другото Спиропали.

Особено ја нагласува благодарноста до известувачот за Албанија, Андреас Шајдер, „за неговата посветеност, неговиот објективен и избалансиран пристап како кон достигнувањата, така и предизвиците, со кои се соочуваме, а пред сè, неговата соработка и заеднички напори“.

“Извештајот го признава напредокот што Албанија го постигна во исполнувањето на условите за отворање и напредување во преговарачките поглавја и ги повикува институциите на ЕУ и земјите-членки да одржат пристап кон Албанија базиран на заслуги, праведност и предвидливост“, напиша понатаму Спиропали.

Со куса објава реагираше и Таулант Бала, државен министер за односи со парламентот, кој напиша дека ” главната поента на извештајот е фактот дека Албанија е на чело на земјите од Западен Балкан во процесот за интеграција во ЕУ”. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во септември ќе продолжи судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директори во училиштето во Велешта

Следно

Меџити: Интерконекторот со Грција е темел за одржлива енергетска иднина

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во
Go toTop