Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата

April 27, 2026
1 min read

Пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, во интервјуто за „Тема на денот“ на Сител Телевизија, порача дека законските измени за двојните државјанства мора да важат веднаш и за сите избрани и именувани функционери.

„Ние го поддржавме тоа законско решение, меѓутоа рековме дека мора да важи и за овој пратенички состав, од една страна, и второ, поднесовме нов закон по којшто, покрај пратениците и министрите од Владата, ќе мора да докажат дека имаат само едно државјанство, или тој што има повеќе државјанства да не може да биде дел од извршната власт“, истакна Спасовски.

Пратеникот Спасовски потенцираше дека денеска во Собранието пратениците на ВМРО ја утнале и надлежната комисија.

„Па денеска се погрешило која комисија ќе биде, па дали ќе биде таа, па дали ќе биде некоја друга и така натаму. Еве да видиме дали ќе дознаат конечно која комисија е надлежна и слободно да помине во собраниска процедура, додаде Спасвоски.

Тој посочи дека власта демонстрира целосна неконзистентност и менување на ставовите од ден во ден, што дополнително потврдува дека манипулира со јавноста и затоа често ги менува ставовите.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесува ваков закон, премиерот истиот ден вика: ‘Се избрзало, треба да се консултираат одредени правни експерти’. Претседателката вика дека тоа е потребно, па и премиерот потоа вели ‘да, така е’. Така што, знаете, често оваа власт ги менува ставовите. Денеска едно, за два часа нешто поинаку. Мислам дека, тргнувајќи од таков евтин популизам заради лажен патриотизам, доаѓаме до вакви ситуации“, нагласи Спасовски.

Тој го повтори ставот на пратеничката група на СДСМ дека е против укинувањето на техничката влада.

„СДСМ е многу јасна по однос на предлог-законското решение на закон за Влада, а тоа е дека ова законско решение, поточно делот којшто се однесува на таканаречена техничка или преодна влада, е усогласено помеѓу четирите најголеми партии во законодавниот дом, и тоа стои во законскиот текст, сè со цел да се отстранат сите можни сомнежи за нефер и недемократски изборен циклус. И токму од тие причини гарантираа и Европската унија и Соединетите Американски Држави, и само во таков формат на договор помеѓу политичките партии тоа може да биде укинато. Првично кога се донесе законот за таканаречена пржинска влада со договорот од Пржино, тие одредби важеа само за изборите 2016 година. Во 2018 година, на барање на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се стави одредба во којашто одредбите за преодна влада ќе важат сè до влезот на Македонија во Европската унија. Сега, денеска, одеднаш, тој став не важи на ВМРО-ДПМНЕ и брзаат сосема набрзина, без никаква комуникација, без никаква посебна аргументација и дебата“, рече Спасовски.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фенербахче со “шут-карта“ за тренерот Тедеско!

Следно

Се урна авион во Јужен Судан: Нема преживеани

Latest from Blog

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во
Go toTop