Спасовски: Собираме информации за лицето кое го вееше знамето на т.н. голема Албанија, не е вработен во МВР

August 21, 2023
1 min read

реклама



Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборуваше за настанот во Тетово, за време на посетата на косовскиот премиер кога на собирот се појави знаме на голема Албанија.

Спасовски кажа дека МВР собира информации за лицето, и демантираше дека истото е вработено во МВР, како што беше објавено на социјалните мрежи.

реклама

„Имаме информации кои веќе ги прибираат колегите од СВРТ ТЕтово. Мислам дека ќе се утврди идентитетот. Класификацијата секако е кривично дело“, рече Спасовски повторувајќи дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи.

МВР на 18 август објави фотографија од човекот што го веел знамето со „голема Албанија“ на плоштадот во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти и ги повика граѓаните ако некој го забележи или има информации за него веднаш да извести во најблиската полициска станица.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Игор Иџе Стефановски со победа во Швајцарија

Следно

Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop