Спасовски: Непотребно е носење на закон за амнестија

September 30, 2023
1 min read

реклама

Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски денеска изјави дека е непотребно донесувањето на законот за аменстија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите.  

-Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за аменстија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица исто така нема да помогне во многу. Но, сега тоа е работа на Собранието. Нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение. Нема да допринесе значително да ослободат места или да се намали притисокот на казнено-управните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции, изјави министерот Спасовски, кој денеска беше во тренинг центарот во Идризово. 

реклама

Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата. 

-Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме, вели министерот за внатрешни работи. 

реклама

За тоа дали има опозициски пратеници кои ќе гласаат за отворање на Уставот, Спасовски вели дека „тоа ќе се покаже во момент кога треба да се покаже“.  

Во однос на рокот за завршување на уставните измени, вели дека рок за завршување на уставните измени немаме заради тоа што крајот на ноември е рокот кога завршува процесот за скрининг за влез во ЕУ.

реклама

-После завршувањето на скрининг процесот ќе може да се отворат поглавјата. Целта е тоа да можеме што е можно побрзо да започнеме со отворање на поглавјата,  а не дека постои некаков рок во којшто мора да се заврши. Час поскоро е подобро за државата, рече министерот за внатрешни работи. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо по победничкиот гол против Ал-Таи:„Девет победи по ред е одлична работа

Следно

Пристигнаа 5000 апарати за мерење шеќер во крвта – Меџити: Додека сум јас министер, нема да има доцнење на лекови

Latest from Blog

Бразил само до бод против Мароко!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да

„НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ, НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ“ Орбан реизбран за лидер на Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април

Битолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени од комунална такса

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека

Полјаци копале во дворот и пронашле фетуси

Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“. Откритие за време на земјени работи Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на
Go toTop