Спасовски им додели новогодишни пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје

December 25, 2023
1 min read

реклама


Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамките на проектот „Отворен кабинет“ како дел од концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, беше домаќин на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.

Децата, заедно со нивните воспитувачки, прво ја посетија зградата во која се наоѓа Кабинетот на министерот за внатрешни работи, при што во салата за состаноци беа пречекани од министерот Спасовски. Изразувајќи огромна благодарност за нивната посета и посакувајќи им топло добредојде, министерот Спасовски им појасни дека во салата  заедно со раководството ги одржува своите состаноци, но и средби со министри од други ресори, амбасадори, странски делегации итн.

реклама

„Драго ми е што денеска имаме можност заедно да споделиме убави желби пред новогодишните празници. Сега е период во кој што си споделуваме внимание, љубов и по некој подарок“, истакна министерот Спасовски, упатувајќи им охрабрувачки пораки да продолжат да бидат добри луѓе.  

Од страна на воспитувачките беше изразена огромна благодарност за приемот и овозможената средба на децата со министерот Спасовски кој го познаваат преку медиумите.

реклама

Воспитувачките открија дека пред посетата, дечињата имале дилема дали воопшто да дојдат во МВР, бидејќи сепак, станува збор за полиција. Притоа,  им било објаснето дека полицијата е пријател со добрите луѓе, какви што се, впрочем, и тие, на што министерот надополни дека полицијата е токму чувар на безбедноста на добрите луѓе.

„Вие нема за што да се грижите, ние ве поканивме и ве очекувавме тука со отворено срце, со многу љубов за да се запознаете со опремата со која полициските службеници секојдневно работат, а тие ни се пријатели на сите нас“, додаде министерот Спасовски.

реклама

Децата имаа можност да се запознаат со дел од опремата на сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи, кој беше презентиран во кругот на министерството, при што се забавуваа дружејќи се и фотографирајќи се со опремата и полициските службеници.

Министерот за внатрешни работи Спасовски на децата и младинците од Заводот за рехабилитација во Скопје, пред нивното заминување од неговиот кабинет, им подели новогодишни пакетчиња и репрезентативен материјал од МВР.  

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претстава на палестински актери за Исусовото раѓање во современа Палестина: „Надежта се раѓа од урнатините на болката“

Следно

„Риба во(н) мрежа“ од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop