Претстава на палестински актери за Исусовото раѓање во современа Палестина: „Надежта се раѓа од урнатините на болката“

December 25, 2023
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Палестинските христијански театарски актери настапија по повод Божик и на бината ја одиграа претставата под наслов „Надежта се раѓа од урнатините на болката“, претстава која го прикажува Исусовото раѓање во услови на современа Палестина, известува Анадолу.

Христијаните низ светот во радост и изобилство го прославуваат Божик покрај украсените и празнично осветлени улици и плоштади, но тој празник во Палестина, каде што е роден Исус Христос, минува во сенка на масакрите и нападите што Израел продолжува да ги извршува во Појасот Газа.

Црквите во Палестина ги откажаа прославите и церемониите, ограничувајќи ја прославата на Божик на исклучиво верски дел.

Актерите на Културниот центар „Ал Себил“, кој е во сопственост на палестинските христијани, настапија во театарот „Нотр Дам“ во окупираниот источен Ал Кудс (Ерусалим) и ја изведоа претставата „Емануел“, која го прикажува раѓањето на Исус Христос во денешните услови на израелска окупација и напади врз Палестина.

Претставата е изведена под наслов „Надежта се раѓа од урнатините на болката“, а режисерот Имад Атала за Анадолу рече дека станува збор за раѓањето на Исус Христос во условите во кои Палестинците живеат денес.

„Нашата порака до целиот свет е љубов и мир. Без разлика што ни се случува, ние ќе останеме во својата земја. Ние сме деца на оваа земја“, порача Атала.

Надбискупот на Грчката православна црква, Себастија Атала Хана, кој ја гледаше претставата, го честиташе Божик на христијанскиот свет и повика на акција за ставање крај на нападите врз Појасот Газа.

„Од целиот свет и од сите слободни луѓе бараме да преземат итни и ефикасни мерки за да се запре оваа војна“, рече Хана.

Истакнувајќи дека Божик во Палестина оваа година е дочекан во тажна и болна атмосфера, Хана упати молитва до Господ за запирање на војната и на страдањето од недолжните цивили во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца скопјани по полноќ биле каснати од улични кучиња

Следно

Спасовски им додели новогодишни пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје

Latest from Blog

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои
Go toTop