Спајиќ: Црна Гора не учествува во програмата за испраќање на мигрантите од Велика Британија на Балканот

March 24, 2025
1 min read

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ изјави дека неговата земја не учествува во програмата со која на одбиените баратели на азил во Велика Британија би можело да им биде понудено да бидат испратени во балканските држави.

– Црна Гора не учествува во оваа програма, но не исклучуваме учество на другите од регионот, објави Спајич на платформата Икс.

Британскиот весник Индипендент објави дека на одбиените баратели на азил во Велика Британија може да им се понуди опција да бидат испратени на Балканот, според плановите што ги разгледува лабуристите за справување со кризата на мигрантите кои го минуваат Ла Манш со мали чамци.

Според предлозите на британската Влада, според Индепендент, „центрите за враќање“ во странство би служеле за сместување на оние чии барања за азил се одбиени.

Според весникот Тајмс, кој прв објави дека за овој план, Велика Британија би можела да им се обрати на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Тајмс, повикувајќи се на извори во британската Влада, објави дека Лондон наводно има намера да им плати на земјите, кои ги примаат мигрантите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студио 10: Дали трагедијата во Кочани ќе не издигне над партиските интереси

Следно

УЈП тврди дека дискотеката „Пулс“ не била затворена, туку само казнета за неиздавање фисклани сметки

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop