Совети за одвикнување од цицањето прсти кај децата

March 12, 2024
1 min read

Ако родителот не може да го одвикне своето дете од лошата навика на цицање палец, следат неколку „трикови“ коишто може да бидат корисни.

Пред сѐ, во случај кога детето си ги цица прстите при заспивање, советот гласи: Обидете се да му наместите да гушне плишана играчка и слично. Ако пак, има омилена играчка, искористете ја „за да стекнете предност“. Може, на пр., да му се каже на малечкото дека играчката сака да престане да го цица палецот…

Доколку пак, детето се обидува да се ослободи од стресот со цицање палец – утешете го, кажете му дека сте тука за него, прегрнете го итн. Покрај тоа, може да му се дадат и мали „награди“ и задоволства, ако детето успее да издржи цел ден без да го цица палецот, во вид на слатки, петки на рачето, нова играчка и сл.

Во „потешките случаи“, се воспоставува правило за постепено но целосно ослободување од оваа навика. Тоа значи, на почетокот малечкото „ќе може“ да си го цица прстот само во одредени случаи, на пр. – пред спиење, додека гледа цртан филм итн.

Стручњаците наведуваат дека децата треба да престанат со оваа навика до тригодишна возраст. Доколку детето го пречекори тој праг, се препорачува консултирање со стоматолог. Некои деца ќе го сфатат разговорот со стоматологот посериозно и ќе го послушаат него попрво отколку своите родители.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО МИСТЕРИОЗНОТО ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА КЕЈТ СЕ ПОЈАВИ ТАА: Светот гледа во неверување во љубовницата на принцот Вилијам, веднаш ќе ви стане јасно на кого личи! (ФОТО)

Следно

Извештај на „Греко“ за правосудството, црната дамка останува

Latest from Blog

Бројот на заболени со ебола во Конго надмина 12.000- починале над 5.900 луѓе

Епидемијата, предизвикана од реткиот сој на вирусот ебола Бундибугио, беше прогласена кон средината на мај во североисточната покраина Итури и оттогаш се прошири во осум од 26-те покраини во земјата, објави Ројтерс.

Најнизок раст на населението во Велика Британија од 1983 година поради падот на миграцијата

Растот на населението во Велика Британија речиси целосно запре поради континуираното и значително намалување на меѓународната миграција – покажуваат најновите податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС). Според прелиминарните податоци на ОНС,
Go toTop