Совети до македонските граѓани: Како да се заштитите од „кракен“, новиот сој на Ковид-19?

January 25, 2023
1 min read

Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника.

-Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега, вели Стевановиќ.

Додава дека станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести.

-Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат, нагласува Стевановиќ.

Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ во изјава за МИА, не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Крис Хипкинс е новиот премиер на Нов Зеланд

Следно

Тотенхем потпиша со Арно Данјума

Latest from Blog

Серафимовски во Отворено: Британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи на проекти кои се значајни за државата

Андреја Серафимовски од Здружение на гардежништво во Отворено рече дека, британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи nа проекти кои се значајни за државата. Според него, најважно е да се

Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Александар Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!, рече денеска советничката на СДСМ во Советот на Општина Ѓорче Петров, Маја

Шанси за мир?

Мали се шансите за постигнување мир во Украина. Ова го велат светски експерти по двочасовниот телефонски разговор кој го имаа претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин. Трамп
Go toTop