Состојбата на Шифрин се влошува

December 19, 2024
1 min read

Најдобрата скијачка на Американка Микаела Шифрин (29), сè уште не знае кога би можела да се врати на натпреварувањата по повредата здобиена при падот во велеслалом од Светскиот куп во Килингтон на крајот на минатиот месец. Нејзината рехабилитација е искомплицирана.

Шифрин беше во водство по првото возење, а потоа падна во второто и заврши во заштитната ограда. Таа се здобила со неколку модринки и убодна рана во пределот на косиот надворешен стомачен мускул. Поради компликации поврзани со убодната рана, на американската скијачка ѝ беше извршена мала операција.

Тоа е длабока убодна рана со прилично голема повреда на мускулот. Имав навистина среќа бидејќи раната беше на милиметар од моето дебело црево, изјави Шифрин во интервју за онлајн порталот „skiracing.com“.

Вакуумот на раната едноставно не можеше да ја отстрани сета течност што се акумулираше во моето тело за да може да зарасне. Затоа морав на операција. Откривме џеб со течност до кој вакуумот на раната не можеше да допре.

Иако Шифрин истакна дека не чувствува силни болки и дека може бавно да оди или да се качува по скали, таа призна дека е премногу рано да се предвиди кога или дали ќе се врати на натпреварувањето оваа сезона.

Враќањето зависи само од тоа како ќе напредувам во следните недели и месеци. Нема многу преседан за ваков тип на повреди во нашиот спорт. Мислам дека со секој изминат ден ќе имаме појасна слика за тоа како ќе функционира, додаде Американката.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Самит ЕУ-Западен Балкан: Максимално да го искористиме новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

Следно

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop