Состанок на Северноатлантски совет на НАТО – Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната

February 13, 2025
1 min read

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

На состанокот министерот за одбрана се осврна на повеќе теми при што ја потврди намерата на нашата земја за континуирано вложување на 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната што ја позиционираше нашата земја меѓу две третини од сојузничките земји кои ја имаат исполнето оваа заеднички донесена одлука во НАТО.

Министерот даде полна поддршка и во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО преку исполнувањето на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување. Тој истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра. Додаде дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети и се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на НАТО.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викендов дожд, од понеделник подгответе ги санките

Следно

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop