Сопствениците на ПСЖ ја купуваат Малага за 100 милиони евра

March 27, 2025
1 min read

Конзорциумот „Катар Спорт Инвестментс“, во чија сопственост е Пари Сен Жермен, покажува голем интерес за преземање на шпанскиот второлигаш Малага, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Шпанскиот клуб во моментов е во сопственост на групацијата за хотели и недвижнини BlueBay и катарскиот бизнисмен Абдула Ал Тани, но клубот го води стечаен управник поради финансиски проблеми.

Според шпанските медиуми, преговорите се во завршна фаза, а целата трансакција би изнесувала околу 100 милиони евра.

Катар Спорт Инвестментс поседува околу 87 отсто од акциите на ПСЖ и 21,7 отсто од португалскиот клуб Брага. Меѓу малцинските акционери се Monumental Sports & Entertainment (MSE), американска компанија која ги поседува Вашингтон Капиталс (НХЛ), Вашингтон Визардс (НБА) и Вашингтон Мистикс (ВНБА).

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Започна сезоната на цутење на црешите во Јапонија

Следно

За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop